Попладнево на булеварот „Туристичка“ се случи пожар во патничко возило во движење.

Возачот успеал возилото да го тргне од коловозот на тревникот кој го дели булеварот, по што интервенираше противпожарната служба од Охрид. За брзо време пожарот во возилото беше изгаснат. Предизвикана е материјална штета.

На местото на настанот во тек е увид.

Се запали возило на „Туристичка“

Г.М.