Утрово околу 8.40 часот на булеварот „Туристичка“, во близина на пазарот, се запали патничко возило во движење. Веднаш била алармирана охридската противпожарна служба, која со навремена интервенција го изгаснала пожарот. Повредени нема, но е предизвикана материјална штета.
Причините за пожарот ги утврдува стручна екипа која изврши увид на местото на настанот.
OhridNews











