Патничко возило се запали во возење утрово околу 10 часот, на пресекот од булеварот „Македонски Просветители“ со улицата „Партизанска“, кај поштата.  Најпрвин следеше обид да се изгасне пожарот со мал ПП апарат,  по што беше донесен поголем противпожарен апарат од околните објекти, со кој пожарот беше изгаснат. Набрзо на местото на настанот пристигна противпожарна екипа, брза помош и полиција, кои за среќа немаа потреба од интервенција. Причина за пожарот најверојатно е неисправна инсталација на возилото.

Фото галерија:

Кликни на фотографиитета за да ја разгледаш галеријата

OhridNews