Се запираат активностите на отворено меѓу 11 и 17 часот
10.07.12 00:04
Поради исклучително високите временски температури, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека работодавачите се должни да ги запрат своите активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Во спротивно, без разлика на тоа кој е работодавец, ќе бидат изречени сериозни казни согласно со Законот за безбедност и здравје при работа, се додава во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.
Во таа насока, министерството ги информирало сите органи во состав на Владата на Република Македонија, локалните самоуправи, како и приватните субјекти, дека се должни да не ги изложуваат вработените на активност на отворено во посочениот период од денот, пренесува „Маклфакс“.
„Ние како ресорно министерство имаме целосно разбирање за потребите на граѓаните за изградба на патишта, булевари, раскрсници, повеќенаменски инфраструктурни објекти коишто се за нивна добробит. Но, истовремено неопходно е да се има предвид правото на работникот за безбедност и здравје при работа“, се наведува уште во соопштението на на министерството за труд и социјална политика.
Според метеоролошките прогнози температурата во земјава седмицава речиси на целата територија ќе биде над 35 Целзиусови степени, а на места ќе достигне и до 41 степен со УВ индексот од вредност 9.
Македонија е зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата фаза, односно алертна фаза, каде постои потенцијална опасност по здравјето на луѓето од многу топлото време.
Комисијата при Министерството за здравство којашто ја следи состојбата со ризиците по здравјето од надворешните високи температури во соработка со другите надлежни институции соопшти дека сите здравствени установи, се подготвени и со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.
Остануваат да важат општите препораки за заштита на здравје на населението:
Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете повеќе во затворени простории, пред сé, климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носи заштитни очила и капа, бидејќи светлите бои ја рефлектираат светлината, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
Хроничните болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се: должително миење на земјоделските – градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, тичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. а се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.
Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, особено за најранливата категорија граѓани во претстојните денови.
ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден на улицата „Стив Наумов“ продолжи со дистрибуција на 120 литарски садови за селектирање на отпад кои се донација на Министерството за животна сред...
Од понеделник, 12 мај, од 06:00 часот наутро, поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“, целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Пр...
Денес по повод 9 мај Денот на победата над фашизмот во 10:30 часот, делегација на СБ од Охрид и Дебрца, општина Дебрца, здружение на ветераните од одбраната и безбедноста – огранок Охрид, здружение...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.