.jpg)
-Направи невидени кадровски промашувања, почнувајќи од месните одбори, преку централниот одбор, па се до претседателството на партијата.Ако го земеме и катастрофалниот резултат на изборите, тој дефинитивно мора да си оди, вели Наум Буревски. Местото на заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, која ја нарекуваат мудрец, според нив, е измислено и привилегирано. Велат дека не бараат враќање на Црвенковски на лидерската позиција, туку поширока расправа во партијата и на Конгресот, после која, на демократски начин ќе се одлучи кој ќе го замени Заев.
Од СДСМ, преку соопштение одговорија дека, на престојниот Конгрес ќе се утврди кое е најдоброто решение за натамошното дејствување на партијата и дека ќе бидат донесени одлуки кои ќе бидат во интерес на државата и во интерес на граѓаните.
„СДСМ е уверена дека членовите и поддржувачите на партијата ќе останат на висината на одговорноста што ја имаат како дел од најголемата опозициска партија и кон определеноста за заштита на интересите на државата и нема да влезат во сценаријата на Никола Груевски, кој на разни начини се обидува да го дефокусира вниманието од криминалниот багаж со кој влегува во формирање нова влада“, соопштуваат од СДСМ.
OhridNews
Извор:Телма












