Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2014 година изнесува 62.079, а бројот на ноќевањата изнесува 143.807. Бројот на туристите во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, е зголемен за 1,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,9%.

Бројот на домашните туристи во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, е зголемен за 14,3%, а бројот на странските туристи е намален за 4,8%, објави Држаниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, е зголемен за 13,5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 2,3%.

Во периодот јануари-октомври 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,0%, а кај странските има зголемување за 6,9%.

Во периодот јануари-октомври 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,0% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.2%, а кај странските има зголемување за 5,4%.

OhridNews