Долгогодишна потреба на жителите од Рача беше изградба на тротоар на коловозот кон Охрид, затоа како одговорна Локална самоуправа презедовме активности за изградба на тротоар, вели градоначалникот Кирил Пецаков на Фејсбук профилот.
Согласно проектот предвидено е торотоарот да е во должина од 600 метри и да биде ограден со рабници. Со овој зафат значително се зголемува безбедноста за движење на пешаците, потенцира Пецаков.
Додава дека вредноста на зафатот е 2 300 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews