Годинава во Македонија се регистрирани нови 20 случаи на ХИВ/СИДА, најмногу до сега од 1987 година. Од нив 8 се ХИВ позитивни, а 12 имаат СИДА. Ова беше истакнато на прес конференцијата на Институтот за јавно здравје, што се одржа денеска, во очи Светскиот ден на борба против СИДА-та, 1-ви декември.

Најголем број од новите случаи – 12 се регистрирани во Скопје, по тројца има во
Куманово и Радовиш и двајца во Кичево. Меѓу нивима и шестгодишно дете, пет случаи се на возраст од 20 до 25 години, осум случаи
од 30 до 39 години, а шест од 40-49 години.

Досега, во Македонија се регистрирани 166 случаи со ХИВ/СИДА од кои 69 починале. Во моментов во земјава живеат  98 лица со ХИВ/СИДА.

Со цел да се влијае превентивно кај популацијата во Програмата за заштита на населението од  ХИВ/СИДА
што ја изготвува Министерството за здравство за идната година се обезбедени
шест милиони денари. Покрај  за лекување на пациентите со ХИВ/СИДА, овие средства ќе бидат наменети за кампањи и предавања за младите кои ќе ги реалзират центрите за јавно здравје и Црвениот крст.

Во светот со ХИВ/СИДА живеат 34,2 милиони луѓе, а новооткриени се 2,5 милиони. Од СИДА досега во светот починале 1,7 милиони луѓе.

OhridNews