Во пет нови пријавени случаи биле извршени две оштетувања и три кражби на регистарски таблички. Во местото Фурка било оштетено возило „шкода фабија”, со скопски регистарски таблици кое било изгребано, а од левата страна на возилото била испишана на грчки паролата „Македонија е Грчка”.Друго македонско возило било оштетено во Пефкохори.
Кражби на регистарски таблици биле регистрирани во Ханиоти и местата Јерисос и Амуљани.
До МВР од страна на грчката полиција досега не е доставена било каква информација за над 30 случаи на оштетени возила или украдени таблици.