Со најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност, потпишан минатата недела, направено е значително зголемување на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства, информира на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, кој додаде дека со овие измени опфатен е и помошно техничкиот персонал.

Со февруарската плата:

– Наставниот кадар добива 20% зголемување;
– Лекарите специјалисти 25%;
– Општите лекари 15%;
– Медицинските сестри 10%;
– Здравствените соработници 5%;
– Помошно технички персонал 5%;

Министерот Филипче потенцираше дека и сега на некои клиники платата достигнува 100 илјади денари.

  • Веќе сега на некои клиники каде има голема комплексност, пр. хируршки клиники, со дежурствата платата достигнува 100 илјади денари. Но, од февруари на сите клиники платата ќе биде 100 илјади денари, некаде може да се надмине, а сериозно ќе се доближи помеѓу 85 и 110 илјади денари во зависност од дежурствата во општите болници ширум земјата“, истакна министерот Филипче.

OhridNews