Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, информира дека за сите матични лекари во примарната здравствена заштита од општа пракса и гинекологија е обезбедено покачување на капитациониот бод за 8 денари или зголемување од 15%, односно покачување за стоматолозите за 8 денари или 18%. Исплатата на вредноста на новиот капитационен бод ќе биде од 01.10 2019.

Фондот ќе ги зголеми и надоместоците за 15% на приватните здравствени установи од специјалистичка и консултативна здравствена заштита. Надоместоците за лаборатории ќе бидат дополнително ревидирани по извршена заедничка ревизија со здружението на лаборатории. Освен  овие промени, Фондот донесе одлука, од 1 ноември 2019 година да се зголеми и надоместокот за аптеките со кои Фондот има склучено договор, за издавање на лекови на рецепт од 16% на 18%, додека надоместокот за скапите лекови ќе изнесува 180 денари по рецепт.

OhridNews