
Покрај Љупчо Арнаудов, на листата на потенцијални кандидати за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ се спомнуваат уште пратеникот Харалампие Шокароски, актуелниот директор на Агенцијата за стопанисување со станбен простор Цветко Грозданов, поранешниот висок полициски функционер Јордан Размоски, како и координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Пановски. Официјално партијата не ги коментира ваквите гласини.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и актуелен премиер, Никола Груевски, неодамна изјави дека кандидатот за градоначалник на Охрид внимателно ќе биде избран и дека партијата ќе победи на претсојните локални избори во општината.
-За Охрид како партија ќе имаме специјална програма и ќе победиме. Во програмата ќе бидеме прецизни и ќе внимаваме да нема нешто што ќе го пишува, а да не можеме да го исполниме.Ќе бидеме фокусирани на развојот на туризмот и на задоволување на потребите на граѓаните и на туристите, изјави неодамна премиерот Груевски.












