Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, се зголемува малопродажната цена на бензините од еден до еден и пол денар, а цената на дизелот останува непроменета.

Новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денар за литар и ќе изнесува 82,5 денари, на Еуросупер БС-98 се зголемува за еден денар и ќе изнесува 84 денари за литар. Цената на Еуродизелот изнесува 70 денари.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 58.50 денари. Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 41,7 денари за килограм.

OhridNews