Сезонава во италијанската Серија А има се што му недостасуваше неколку години наназад. Изедначени екипи, неизвесни натпревари и мртва трка за титулата и местата кои водат во Лигата на Шампиони.
За згуснатоста на врвот се погрижи тимот на Лацио кој со 2-1 го совлада лидерот на табелата, Интер во дербито на колото на Џузепе Меаца.
Успешно со победи своите задачи ги завршија Јувентус, Наполи, Фиорентина и Рома кои славеа над Карпи (3-2), Аталанта (3-1), Киево (3-1) односно Џенова (2-0).
Разликата меѓу водечкиот Интер и петтопласираната Рома е пет бодови, а допрва во Калчолигата престојат вистинските возбудувања кои ќе го вратат сјајот на еден од најдобрите национални шампионати во минатото.
Мх.П.











