Вечерва околу 23 часот во затворот во Скопје бил спроведен бизнисменот Сеад Кочан, кој треба да отслужи казна затвор во времетраење од 4 години и 8 месеци.
Претходно бизнисменот бараше одложување на издржувањето на затворот, каде бил спроведен од болница.
Кочан е правосилно осуден на казна затвор поради незаконско учество на тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра во случај што го водеше СЈО.
OhridNews