Пилотот на Ред Бул, Германецот Себастијан Фетел, е победник на трката за големата награда на Бахреин, што денеска се возеше на патеката Сакир.


Место на подиумот во четвртата трка во Ф1 шампионатот оваа сезона, обезбедиија и двата пилоти на Лотус Раиконен и Грожан.


Пласманот на трката за големата награда на Бахреин

Во генералниот пласман кај возачите води актуелниот шампион Фетел (Ред Бул) со 77 бода, пред Раиконен (Лотус) со 67 и Хамилтон (Мерцедес) со 50.

Кај контрукторите во водство е Ред Бул со 109 бода, пред Лотус со 93 и Ферари со 77.

Следната трка се вози за големата награда на Шпанија на 12-ти мај.

Г.М.