Победничкиот од на „кралевите“ застана на Местаља претрпеа пораз од Валенсија 2-1 во првиот официјален натпревар за 2015 година.


При резултат 1-1 брзоногиот велшанец Герет Бејл истрча контра, но се одлучи да солира и погреши.

Неговите соиграчи од нападот Кристијано Роналдо и Карим Бензема негодуваа по одлуката на Бејл сам да ја заврши контрата.

Неколку минути потоа „лилјаците“ го постигнаа вториот погодок, кој се покажа како победнички, а на Роналдо и Бензема им се придружи Карло Анчелоти, кој го извади Бејл од игра.

Мх.П.