Капитенот Гоце Седлоски како еден од најискусните исто така со нетрпение како и соиграчите го очекува настапот в среда против Холандија. Седлоски за мечот зборува со доза на оптимизам но и внимателност.
– За нас најважно е да се сконцентрираме на нашата игра бидејќи сепак ние играме доста поразлично од Шкотска, знаеме и да ја задржиме топката и да нападнеме. Лично сум оптимист бидејќи ова ќе биде моја трета средба во Амстердам, со репрезентацијата одигравме 0-0, потоа со Динамо го совладавме Ајакс со 1-0 и би посакал оваа традиција да продолжи.
Седлоски кој е рекордер по борјот на настапи во дресот со националниот грб, смета дека најважно е да не се оптоваруваме со резултатот, а посебно треба да внимаваме на Робен кој е најопасен фудбалер кај “лалињата“.
– Што се однесува до атмосферата во тимот таа е солидна во што на вчерашниот тренинг можеше да се уверат и нашите навивачи и малубројните новинари. Сигурно во состојба со 23-ца играчи кои конкурираат за тимот сите сакаат да се наметнат и да го почувствуваат филингот на еден од најубавите стадиони во Европа- завршува Седлоски.
За мечот со Холандија црвено-жолтите се очекува да имаат подршка од околу од 1500 македонски иселеници кои ќе бидат на трибините на Амстердам Арената.
ГРК Охрид и Борис Ројевиќ ја продолжуваат успешната приказна Клубот го продолжи договорот со српскиот стратег за уште една година, со што Ројевиќ ќе остане на клупата на „гладијаторите“ до 2029 год...
Почетокот на сезоната во Супер лигата ракометарите на Охрид ја започнуваат со натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер на 6-ти септември Сакаме да победиме на домашен терен Натпреварот е многу...
Охрид домаќин на јубилејните 30 Републички спортски игри за пензионери, кои и годинава ги обединуваат спортот, дружењето и позитивната енергија Спортските игри се во организација на Сојузот на здру...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.