– Бев назначен само за овој меч,имавме разговор со раководството на ФФМ на кој што јас го кажав своето гледиште. Не прифаќам да бидам дел од стручен штаб кај друг селектор. Сега дишеме како едно семејство, направивме напори за да се зближиме, јас многу им верувам на овие играчи, а и тие покажаа дека ми веруваат мене. Сепак, не сакам да се наметнувам, ќе ја чекам одлуката на челниците на ФФМ. – рече Седлоски на прес-конференцијата по натпреварот.
Седлоски : “Останува на ФФМ да одлучи“
15.08.12 23:50
Поранешниот капитен и едниствениот репрезентативец со 10 меча во националниот состав Гоце Седлоски со предзнакот в.д. ја водеше Македонија до победата на Литванија од 1-0. Седлоски не крие дека сака да остане на селекторската позиција, но остава тоа прашање да го решат во ФФМ.
– Бев назначен само за овој меч,имавме разговор со раководството на ФФМ на кој што јас го кажав своето гледиште. Не прифаќам да бидам дел од стручен штаб кај друг селектор. Сега дишеме како едно семејство, направивме напори за да се зближиме, јас многу им верувам на овие играчи, а и тие покажаа дека ми веруваат мене. Сепак, не сакам да се наметнувам, ќе ја чекам одлуката на челниците на ФФМ. – рече Седлоски на прес-конференцијата по натпреварот.
Покрај Седлоски , како еден од кандидатите за селекторската функција се споменува името на Чедомир Јаневски, кој поднесе кадидатура на претходниот конкурс кога за селектор беше избран Џон Тошак.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










