Македонската фудбалска репрезентација го одржа вчера првиот тренинг под водството на в.д селекторот Гоце Селдлоски кој ќе ги предводи нашите најдобри фудбалери на пријателскиот дуел со Литванија. Седлоски е задоволен од развојот на настаните и за Веб-сајтот на ФФМ ја даде следната изјава:

– Сите се собравме според планот. Здравствениот билтен е одличен како и атмосферата меѓу репрезентативците. Очекувам во дуелот со Литванија да одиграме солидно и да го надоградиме она што го прикажавме на гостувањето во Португалија кога одигравме две солидни средби. Немам многу информации за противникот и затоа пред се сме фокусирани на нашата игра која ќе ја градиме без стардардниот Горан Попов кој поради трансфер во нов клуб е ослободен од обврските. Нема да навлегуваме во тактичките новитети и составот со кој ќе настапиме до стартот на утрешниот дуел, за нас е најважно максималното извршување на обврските и задачите кои ќе ги поставиме пред фудбалерите бидејќи ова е последна проверка пред стартот на квалификациите за следното СП во Бразил.

ohridnews