Специјалната награда која УЕФА ја доделува на нашиот репрезентативец Гоце Седлоски за одиграни 100 натпревари во Македонската „А” Репрезентација, а која требаше да му се додели на натпреварот со Словачка во Скопје, на барање на Седлоски ќе му се додели на следниот пријателски натпревар.


Нашата селекција наредниот пријателски натпревар ќе го одигра на 15ти Ноември со соодветната селекција на Албанија, и тоа во Прилеп градот каде што Седлоски ја започна својата успешна фудбалска кариера.

Ohridnews