Седмо време на минување за охридскиот прволигаш по првиот од трите круга во македонската фудбалска лига. Составот на “белите“ во единаесетте рудни забележа четири победи, три пати ремизираше а четири пати со наведните глави го напуштија стадионот.

Првите пет кола тимот го предводеше Здравко Цветаноски, кој од охридскиот тим се збогува со биланс една победа, едно реми и три порази.

По поразот од Вардар, на охридската клупа седна српскиот стручњак Драган Антиќ, кој по дебитантскиот пораз од Шкендија, на последните пет меча не знае за пораз. Совладани на гости беа Работнички и Турново, дома падна Напредок, а 11 Октомври извлече реми.


Највисоката победа “рибарите“ ја забележаа на мечот против Напредок со 3-1, додека најголемиот пораз го претпреа против Брегалница во Штип со 3-1.

На седум од единаесетте натпревари постигнуваа голови, трите порази со непостигнат гол беа со резултат 2-0, додека ремизираа 0-0 со Металург.

Фудбалерите на Охрид постигнаа 12 гола. Најдобар стрелец е Димоски со пет постигнати погодоци, три има Алими, Клечакароски постигна два, додека по еднаш мрежата на противниците ја тресеа Далчески и Пројков.


За Охрид беа досудени и два пенали, и двата не ги реализираше Клечкароски. “Белите“ во досегашниот дел од првенството добија еден црвен картон и тоа Алими на мечот со Шкендија.

Охрид ја има петтата одбрана по јачина во лигата која во 11 кола капитулираше само 14 пати.

М.П.