Менаџерот на англискиот шампион Челси, Жозе Мурињо состави список со седум фудбалери кои се посакувани трансфери во летниот преоден рок.
На листата „специјалниот“ има запишано голман, тројца дефанзивици, еден офанзивен фудбалер и двајца напаѓачи.
Голманот е Висенте Гуаита од редовите на Гетафе, кој ќе биде замена за Тибо Куртоа. Дефанзивците се Рафаел Варан од Реал Мадрид, Абудл Рахман од Аугзбург и Тоби Алдервирелд, кој настапуваше за Саутемптон како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид.
И потенцијалното засилување во офанзивниот ред доаѓа од Атлетико Мадрид, а се работи за Коке, кој игра важна улога во тимот на „јорганџиите“.
Во нападот португалскиот стручњак ги посакува Педро од Барселона и Александер Лаказет од Лион. Педро јавно го искажа своето незадоволство поради неиграњето, а Лаказет е најдобар стрелец по Меси и Роналдо во фудбалска Европа.
Составот на „сините“ го напушти Дидиер Дрогба, а на излезни врати е искусниот голман Питер Чех и левиот бек Филипе Луис, кој минатата сезона стигна од Атлетико Мадрид.
Мх.П.