Седум фудбалски клубови во Охрид добија нова спортска опрема. Согласно Програмата за спорт за 2024 година, од буџетот на Општина Охрид беа доделени средства на Општинскиот фудбалски сојуз за набавка на нови дресови.

Денеска остварив работен состанок со претставниците на клубовите на кои им беше предадена новата спортска опрема. На средбата се разговараше за понатамошната соработка на локално ниво и потребните услови за функционирање на клубскиот фудбал во Охрид, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Додава дека Локалната самоуправа, како и до сега ќе продолжи да дава поддршка на спортот,  развојот на сите спортски дисциплини и подобрување на спортската инфраструктура.

OhridNews