Денес се навршуваат седум години од ненадејната смрт на проф. д-р Јован Стојаноски, кој во 2017 година беше избран за Градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ. Смртта го затекна на работното место во 2018 година.

Стојаноски беше и долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Беше носител на советничката листа на локалните избори во 2013-та година и координатор на советничата група на здружената опозиција во периодот 2013 – 2017.
Јован Стојаноски беше градоначалник со визија кој несебично и самопрегорно се посвети на работата, но прераната смрт го спречи во реализацијата на идеите за поубав и подобар Охрид кој неизмерно го сакаше.
OhridNews











