Основниот суд Скопје 1 му изрече затворска казна во времетраење од седум години на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Лидерот на Обединети за Македонија е прогласен за виновен поради злоупотреба на службената положба и нелегално финансирање на изборната кампања на партијата на годинешните предвремени парламентарни избори.

Судот одлучи дека Бошкоски е виновен и за  злоупотреба на службената положба за што го осуди на две години, а за нелегално финансирање на изборната кампања на шест години затвор или единствена казна од седум години затвор.

Сопругата на Бошкоски, најави дека ќе поднесат жалба до меѓународниот суд во Стразбур.

Бошкоски беше уапсен ден по изборите на 6. јуни пред ресторанот Воденица. Според обвинението, тој во три наврати од лице, кое на судското рочиште се појави како заштитен сведок, зел 130 илјади евра за незаконско финансирање на кампањата.

OhridNews