На подрачјето на СВР Охрид, изминатиов викенд регистрирани се седум кривични дела „Кражба“, едно кривично дело „Тешка кражба“ две кривични дела „Измама“ и две кривични дела „Одземање моторно возило“. Од страна на полициските службеници, три лица се фатени непосредно при вршење на кражба и приведени се во СВР Охрид за понатамошно расчистување на настанот. Јавниот ред и мир е нарушен во четири случаи а евидентирани се четири сообраќајни незгоди во кои е предизвикана помала материјална штета, соопшти полицијата.
На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирани се три кривични дела „кражба“ и една сообраќајна незгода со предизвикана материјална штета.
извор: СВР Охрид












