Заврши и четвртиот циклус од обуките за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост. На крајот од овој четврти циклус доделени се сертификати на 7 лица кои во месеците мај и јуни ја следеа обуката за негувател/ка на стари лица и лица со попреченост и истата успешно ја завршија, информираат од ЦРвен крст Охрид.

Лицата кои ја завршија обуката ќе имаат можност да бидат вклучени во Нега центар при Црвен крст Охрид, социјален сервис кој ја нуди социјалната услуга помош и нега во домот на на стари лица над 65 години, како и на лица со намален функционален капацитет и на лица со попреченост на територија на Општина Охрид, додаваат од Црвен крст Охрид.

Како што претходно информираше Ранко Раткушиноски, психолог во општинската организација, Нега центарот ги опфаќа старите лица и лицата со попреченост кои сакаат да бидат во домашни услови, домашна средина.

Имаат потреби кои треба да се задоволат, а семејството не може да им ги обезбеди. Според потребата на семејството се ангажира неговател на дневно ниво во зависност од колку часа му се потребни на семејството однодно на лицето на коешто му е потребна помошта. Имаме неколку пакети, над еден час, два, четри и осум часа на ден во зависност од потребите на лицето. Обавуваме основни активности како лична хигиена и инструментални активности кои опфаќаат на пример набавка на производи, адмистрирање на лекови…, потенцираше Раткушиноски.

Во однос на личната асистенција истакна дека се работи за лица кои имаат попречености и личниот асистент е тука да му помогне во секојдневното функционирање, да им го подобри животот, да се општествено поактивни и да се еднакви во заедницата.

Инаку, Конкурсот за негователи беше распишан од страна на општинската организација на Црвен крст во Охрид врз основа на верификација на посебна програма на Центарот за образование на возрасни и решението од страна Министерството за образование и наука на РСМ за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

 

Н.С.Ј.