Седум лица останле заробени неколку минути на големо панорамско тркало кое по повод божиќните празници било поставено во белгискиот град Гент. Заробените посетители сами повикале помош кога вработените во забавниот парк го сопреле тркалото, верувајќи дека повеќе нема никој на него. 
Како што пренеле медиумите, кога противпожарната служба и полицијата пристигнале, седум лица сеуште се наоѓале во кабините на самиот врв од панорамското тркало. Пожарникарите не морале да интервенираат, бидејќи вработените веднаш го активирале тркалото и ги ослободиле посетителите на кои сигурно уште долго нема да им биде до уживање во панорамата.