Вкупно седум решенија за забрана на работа на отворен простор во периодот од 11:00 до 17:00 часот издаде вчреа Државниот инспекторат за труд, пренесува „Макфакс“.
Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека биле извршени 51 инспекциски надзори (24 редовни и 27 контролни).
Оттаму велат дека надзорите продолжуваат и во наредниот период и доколку се утврди непочитување на забраните ќе следуваат и прекршочни пријави од трета категорија во висина од 5.000-8.000 евра за правниот субјект и 500-1.000 евра за одговорното лице на правниот субјект.
Исто така, за утврдени други недостатоци и непреземени мерки согласно со Законот и подзаконските акти, ќе се изрекуваат соодветни прекршочни пријави.
При контролните надзори во текот на денешниот ден, не е утврдено прекршување на претходно изречените забрани.
OhridNews