Во организација на Нуркачкиот Центар Амфора од 07 до 09 јуни се одржа курс за заштита на природата.
Станува збор за специјализиран курс за препознавање на видовите на флората во Охридското Езеро, класификација и заболување. Курсот го водеше Силке Олдорф (Silke Oldorff ), одделенски менаџер на VDST, и лидер на тимот на стручњаци од NABU (Nature and Biodiversity Conservation Union) од Сојузна Република Германија.
Курсот успешно го завршија и се сертифицираа седум нуркачи од Амфора.
Со ова Нуркачкиот Центар Амфора од Охрид се верифицира и влезе во големото европско семејство за заштита на животната средина. Низ секојдневните нуркања, нуркачите на Амфора ќе ја пратат состојбата на флората во Охридското Езеро и ќе алармираат пред се до Хидробиолошки завод и до NABU за одредени нарушувања.- информираат од Амфора.
За полесно препознавање на флората Амфора на поклон од NABU доби современ електронски микроскоп.
За реализација на курсот, Амфора доби голема поддршка од НУ Завод и музеј Охрид, Хидробиолошки завод и Општина Охрид, се наведува во соопштението.
OhridNews