Седум од осумте тенисерки кои ќе учествуваат на турнирот во Сингапур ќе се борат светскиот трон. Турнирот во Сингапур ќе означи крај на сезоната во женскиот тенис, но може да одлучи која тенисерка ќе презими на позицијата број еден.
ВТА финалето, како што го нарекуваат турнирот во Сингапур ќе започне во недела и на едно место ги собра најдобрите осум тенисерки на рејтинг листата.
Осумте тенисерки се поделени во две групи по четири. Најдобрите две од двете групи играат во полуфиналето и ќе се натпреваруваат за билет во големото финале.
Моментално водечка тенисерка на ВТА рејтинг листата е романската тенисерка Симона Халеп.
Група 1: Мугуруза, Плишкова, Вилијамс, Остапенко
Група 2: Халеп, Свитолина, Вознијацки, Гарсија
OhridNews