Кошаркарите на АВ Охрид на гостувањето кај тимот на Академија ФМП ја забележаа седмата победа сезонава во Втората лига триумфирајќи со 94-83.


Со победата над „академците“ охриѓани ја оправдаа фаворитската улога и ја продолжија триумфалната серија на седум мечеви.

Во следното осмо коло избраниците на Петар Чочорски со победа над Шкупи во „Билјанини Извори“ ќе ја осигураат титулата во првата полусезона од Втората лига.

Ohridnews