Теквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид освои седум одличја на Меѓународниот ИТФ А класа турнир „Љубљана Опен“ кој се одржа на 18 и 19 мај во Словенија.

Охридскиот клуб и во скратен состав успеа одлично да се престави пред клубовите кои учествуваа од 9 земји на еден од најквалитетните турнири во пролетната полусесезона.

Најдобар натпреварувач од охридскиот клуб беше Стефан Каланоски кој освои златни медали во борби за јуниори до 16 до 17 години до 63 килограми и форми јуниор плав појас. Давид Велковски финишираше на втората позиција во борби јуниор од 16 до 17 години до 69 килограми, а Христијан Митрески заврши со бронзен медал од 16 до 17 години над 75 килограми. Марио Крстески се закити со бронзен медал во борби за кадети од 12 до 13 години до 50 килограми, а добриот настап го заокружи Елена Јанеска освојувајќи бронзени одличја во кадетки од 12 до 13 години над 55 килограми и форму кадетки зелен појас.

Успехот на Каланоски и претставата на Божидар Димитриевиќ кој остана без медал се добро загревање за охридскиот состав кој во полн состав ќе учествува на „Гран Призворник 2019“ во Босна и Херцеговина.

OhridNews