Теквондо клубот „Хваранг Фист“ до Охрид имаше успешен настап на третиот Национален турнир „Кјоро Опен 2019“ кој се одржа во скопска Кисела Вода. Охридскиот клуб на турнирот во Скопје настапи со седум натпреварувачи и освои исто толку медали.

Најголем успех имаше Петар Петкоски кој во конкуренција на пионери од 6 до 8 години го освои златниот медал. Во истата категорија, но во женска конкуренција Емилија Целеска се закити со сребрениот медал. Ѓорѓи Петкоски во пионерска конкуренција заврши на втората позиција, а на третото место го поделија Мартин Јанкулоски, Ненад Целески и Крсте Танкоски. Василија Јовчески освои второ место кај јуонирите.

  • Одличните борби и резултати се добар показател за формата во кој се наоѓаме. Овој резултат е важен пред големиот турнир кој ќе се одржи на 7 април во Скопје. Таму ќе учествуваат 600 натпреварувачи од сите земји од регионов. – изјави тренерот на екипата Ацо Јосифовски, V дан, Светски семи-контакт шампион од 1996-та, Европски шампион од 2009 година и носител на бронзени медали на Европското првенство во 2018-та година во Естонија и на Светското истата година во Белорусија.

На крајот од мај месец охридскиот клуб ќе има обврска да организирира турнир на кој ќе учествуваат најдобрите екипи од Македонија. Од клубот најавија дека потребна им е помош и поддршка каква што имаат од охриѓани цели 30 години.

OhridNews