Седум наместо пет препорачани порции овошје и зеленчук на ден го спасуваат животот, потврдила нова студија на британскиот Универзитет Колеџ Лондон спроведена на 65 000 луѓе. Само две порции повеќе го намалуваат ризикот од прерана смрт за 42%.
Јадењето повеќе овошје и зеленчук го намалува ризикот од смрт од рак за четвртина и болести на срцето за третина, потврдила студијата на испитаниците кои секој ден во тек на 12 години јаделе 80 грама овошје и зеленчук секој ден. Што помалку овошје и зеленчук се јаде, тоа е поголем ризикот. Една до три порции на ден го намалуваат ризикот од прерана смрт за 14%, а три до пет за 29%.

Притоа се препорачува да се избегнува конзервирано и смрзнато овошје бидејќи го зголемува ризикот за 17% поради големата количина на шеќер. И овошниот сок, кој иако е моментално во препораката од пет порции на ден, треба да се избегнува поради големата количина на шеќер.
Експертите спорат дали треба границата од пет порции да ја променат на седум. Едни веруваат дека тоа е добро за здравјето, а други тврдат дека таквата регулатива ќе ги оттргне луѓето од здравата исхрана, а и тешко е да се променат правилата на Светската здравствена организација.
-Што повеќе овошје и зеленчук јадете, помала е веројатноста од прерана смрт. Зеленчукот има поголемо влијание од овошјето, но и тука има разлика. Не треба да се плашите и да го ограничувате бројот на порциите, важно е само редовно да јадете овошје и зеленчук – истакнува докторка од британскиот оддел за епидемиологија и јавно здравство.
Прерано е да се менува регулативата од пет порции на ден, потребни се и дополнителни студии. Важно е луѓето најпрво да се “натераат“ да се придржуваат на пет порции на ден, а потоа да се почне со зголемување, додава др. Нита Фороухи од британскиот универзитет Кембриџ.

 

извор:24sata.hr