Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денес, околу пладне, на локалниот пат Велес-Езеро Младост. Како што инфрмира Макфакс, во сообраќајката директно се судриле две возила, едното марка „мерцедес“ со скопски регистерски таблици, а другото марка „БМВ“ со велешки регистерски таблици и по судирот се превртиле во шанец.

Според информациите од Итната медицинска помош Велес, сите седум повредени се надвор од животна опасност и се задржани на Хируршкото одделение при Велешката болница. Повредените се со скршеници на клучна коска, болки во главата и кичмата, нагмечување на лева потколеница, а некои и со болки во вратот.

Во сообраќајката се повредени три девојки и две жени и две помлади момчиња. Повредените се на возраст од триесетина и дваесетина години, а една жена е на возраст од 40 тина години.

OhridNews