На 12/13.08.2023 година од 23.00 до 05.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се зајакнати контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале 14 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол. Од нив во Охрид седум, во Кичево пет и по едно лице во Струга и Дебар. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид.
OhridNews











