Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација, кои го освоија петтото место на европското првенство и обезбедија место во квалификациите на олимписките игри , како награда и почит, ги наградува со седумдневен бесплатен одмор во Охрид , заедно со нивните семејства, се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалникот Петрески.
Бесплатниот престој за ракометните херои е скромен дар на Општина Охрид , овој пат не да тренираат, туку да се релаксираат во убавините и спокојот на древниот Охрид.











