Членовите на собраниската Комисија за здравство на денешната прва седница по скратена постапка го изгласаа Предлог-законот за дополнување на Законот за заштита од пушењето.

Дополнувањата, кои ќе бидат ставени на гласање на наредните седници на Собранието, предвидуваат: при вршење инспекциски надзор, доколку инспекторот утврди дека во јавните простории се пуши, да донесе решение за привремена забрана за вршење дејност во траење од седум дена за трговец-поединец и 15 дена за приватно лице.

Со измените е предвидено и државните инспектори во иднина да подготвуваат квартални извештаи за утврдените неправилности.

Од министерството за здравство информираат дека со дополнувањата се вршат позитивни измени, односно предвиден е поригорозен пристап кон постоечкиот Закон, поактивни инспекциски надзори и изработка на квартални извештаи, бидејќи, како што посочуваат од таму, моментално Законот не се почитува во целост.

OhridNews