Поради постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело „учество во тепачка”, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против седум лица од Струга и струшкото село Калишта на возраст oд 21 до 30 години.

Кривичната  дело го сториле на 16 септември оваа година, во ноќен клуб. Тепачката ја почнале две лица, а потоа се приклучиле и останатите пријавени, кои биле нивни другари, информира СВР Охрид.

OhridNews