Македонската планинарка Илина Арсова ја исполни својата мисија искачувајќи ги седумте највисоки врвови на седумте континенти. Последниот врв во низата беше Винсон кој се на наоѓа на висина од 4892 метри на Антарктикот.

Илина Арсова со македонското знаме на врвот Винсон.

Арсова е прва планинарка со ваков подвиг во нашата земја, а со ваков учинок можат да се пофалат околу 60-тина жени планинарки од светот.

Со ова искачување станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови. Незаборавно искуство и прекрасно чувство! Огромна благодарност до Агенција за Млади и Спорт и Федерација за планинарски спортови, како и сите останати поддржувачи, спонзори и пријатели кои веруваа и беа со мене. Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното и да сонувате бидејќи со многу воља, упорност и труд, порано или подоцна соништата се остваруваат! – стои во објавата на Арсова после искачувањето на врвот Винсон.

OhridNews