Во време на економска криза и сериозни општествени превирања, очигледно екологијата и проблемот со загадување на животната средина, се некаде на маргините. Дека воопшто не си го цениме природното богатство говорат овие фотографии направени на познати излетнички места на Галичица и покрај езерото непосредно по празниците.
За несовесниот однос кон природата и немоќта на институциите суштински да влијаат за зголемување на еколошката свест кај населението, речиси и да не се дискутира. Апелите и иницијативите за заштита на животната средина едноставно не допират до граѓаните, кои пак, се однесуват како да не им е воопшто гајле за уништувањето на природните вредности поради кои Охрид и Охридското Езеро се под заштита на УНЕСКО.
Дека имаме сериозен проблем, за кој по се изгледа дека сме недоволно свесни, говори изјавата дадена пред години на еден странски дипломат. а по повод еколошка акција која се спроведуваше во земјава: „Немам видено толку убава земја, а истовремено толку многу загадена“.