Македонија се движи кон цврста контрола на медиумите, оценуваат од Медиумската организација на југоисточна Европа (South East Europe Media Organisation) со седиште во Виена, пренесува „Макфакс“.

Од организацијата реагираат за спречувањето на новинарски екипи да ја проследат средбата на Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи и албанскиот амбасадор Арбен Чејку, како и за неможноста новинарите да ја проследат советничката расправа за буџетот во Општина Карпош.

„Забележувам загрижувачка тенденција да потиснување на слободата преку разни видови притисок“, вели Оливер Вујовиќ, генерален секретар на организацијата.

„Ги повикувам властите, локални и централни, да прекинат да вршат притисок врз медиумите и, наместо тоа, да покажат дека земјата е посветена на меѓународните стандарди“, вели Вујовиќ.

OhridNews
извор: „Макфакс“