Кошаркарите на Охрид во третиот натпревар ја забележаа првата победа во Втората македонска кошаркарска лига. „Галебите“ славеа со 82-79 (19-18, 21-18, 21-20, 22-23) на гостувањето кај тимот на Спарта.

Охриѓани, во отсуство на Тони Стојаноски беа предводени од Антонио Савески и Дејан Милошоски од клупата одиграа добар натпревар, покажувајќи голем карактер во текот на целиот меч. „Галебите“, иако тесно, сепак, констатно го имаа водството во своја корист и го задржаа до крајот на средбата, за сефте радост во Втората лига.

Во четвртта рунда, Охрид, гостува кај Спорт Тим од Неготино.

OhridNews