
Проектот се имплементира во период од седум месеци и има за цел да обезбеди едукација на средношколците во средните училишта во Република Македонија за учество во изборниот процес.Целта е да се подигне свеста за важноста од учество во избори кај младите гласачи од урбаните и руралните средини.
Во рамките на проектот беа организирани работилници за едукација на млади во средните училишта во општина Охрид и форуми во руралните средини.
Следна активност по повод претстојните локални и претседателски избори, под мотото „Излези и гласај“ ќе се организира музички хепенинг и инфо ден.
На хепенингот што ќе се одржи на 20 март на градскиот плоштад во Охрид со почеток во 12 часот, со свои содржини ќе се претстави рок бендот „Каубојс“, а ќе се делат флаери и брошури на граѓаните на Охрид, со цел да се апелира до граѓаните, да излезат на денот на изборите и да го искористат своето граѓанско право.
Ohridnews











