Регионалната ракометна СЕХА лига следната сезона ќе има конкуренција како никогаш до сега откако словенските клубови Целје и Горење официјално го потврдија учеството.


Кога на овие два клуба ќе се додадат актуелниот шампион, Веспрем, македонските ракометни гиганти Вардар и Металург и хрватскиот Загреб се добива конкуренција рамна на онаа Лигата на Шампиони.

СЕХА лигата од самото формирање е во континуиран раст, а зрелоста ја достигна откако се договори со ЕХФ првакот да учествува во Лигата на Шампиони.

Дилемите од почетокот на новата сезона во СЕХА лигата ќе бидат околу местата за Србија која се уште се нема изјаснато за екипите кои ќе учествуваат.

Во новата сезона трофејот ќе го брани унгарскиот Веспрем кој минатата година во финалеот го совлада Вардар.

OhridNews