Вицепрвакот во СЕХА лигата Металург на гостински терен славеше победа победувајќи го Борац со убедливи 30-20.


За избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар ова е седми триумф во десеттиот натпревар сезонава што ги сместува на четвртата позиција на табелата.

Најпрецизен во составот на Металург беше Златко Мојсовски со шест голови додека неговиот постар брат Наумче Мојсоски застана на пет. На голот брилираше тандемот Станиќ – Митрески кои заедно собраа 15 одбрани од 35 удари.

Мх.П.