Акутелниот македонски првак Металург им се врати на победите во регионалната Сеха лига. “Металурзите“ беа подобри на гостувањаето од Металопластика со убедливи 25-17.
Традиционално Станиќ со 14 одбрани беше најдобриот во тимот на Червар, најпрецизен беше Козлина со шест, Стојчевски пет, додек Левов и Димоски постигнаа по четири гола.
Составот на Металург по мечот со Металопласитка, патува за Полска каде го чека нов предизвик во Лигата на Шампиони.