По триумфот во Лигата на Шампиони, ракометарите на Загреб го совладаа Металург со (23-20) и во регионалната ракометна (СЕХА) лига.


За разлика од мечот во ЛШ хрватските ракометари многу полесно се справија со младите момчиња на Металург и ја забележаа десеттата победа сезонава.

Со овој триумф тимот на Загреб се зацврсти на третата позиција, која заедно со четвртата и првите две водат во завршницата од СЕХА лигата.

„Металурзите“ го претрпеа осмиот пораз сезонава и со 15-ет бодови се наоѓаат на шестата позиција на табелата.

Мх.П.